• среда, 29 мај 2024

Н1: Немири во Лепосавиќ, северно Косово

Н1: Немири во Лепосавиќ, северно Косово

Лепосавиќ, 26 мај 2023 (МИА) – Во тек се немири во Лепосавиќ каде се фрлени шок бомби, пренесе Данас повикувајќи се на Н1.

Претходно РТС јави дека полицијата го обезбедила влезот на новиот градоначалник на општината Измир Зеќири во зградата на локалната самоуправа во Зубин Поток. Пред тоа полицијата со солзавец ги растера насобраните граѓани, потсетува телевизијата.

Голем број припадници на специјалната полиција се уште се пред општина Звечан, јави дописникот на РТС. Дел од полицајците со оклопни возила го напуштиле просторот околу општината, а оние што останале се уште го контролираат тој простор. Полицијата ја ставила под контрола општинската зграда, но не дозволува пристап.

Како што пишува Албаниан пост, Владата на Косово неколку часа претходно ги известила земјите од Квинтата за намерата со помош на полицијата да влезе во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. За споменатата акција, според Албаниан пост, не добиле согласност од САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија. Но, и покрај тоа, косовските институции решија да продолжат со планот, пишува albanianpost.com.

Фото: Твитер

Остани поврзан