• понеделник, 04 ноември 2024

Н1: За три месеци бројот на гласачи во Белград се зголемил за 666, а во Нови Сад за 738

Н1: За три месеци бројот на гласачи во Белград се зголемил за 666, а во Нови Сад за 738

Белград, 23 април 2024 (МИА) – Бројот на гласачи во Белград се зголемил за 666 во претходните три месеци, а во Нови Сад за 738, јави Н1, повикувајќи се на податоците на српското Министерство за државна управа и локална самоуправа.

Пресекот на бројот на избирачи по единиците на локалната самоуправа, кој секторот го објавува на секои три месеци, покажува дека во Белград моментално право на глас имаат 1.609.139 граѓани, додека на изборите за советници во Градското собрание во избирачкиот список биле запишани 1.613.369 гласачи, што се одржаа на 17 декември минатата година.

Најголема разлика во бројот на гласачи во однос на 23 јануари, кога беше објавен претходниот преглед на бројот на гласачите во Белград, е забележана во општина Земун, каде во избирачкиот список се запишани 348 гласачи повеќе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан