• петок, 05 декември 2025

НУ Музеј Куманово со две награди за два филма на „Камера 300“ во Битола

НУ Музеј Куманово со две награди за два филма на „Камера 300“ во Битола

Куманово, 6 ноември 2025 (МИА) - Филмовите „Макреме“ и „Три манастирски цркви во кумановско“ на НУ Музеј Куманово добија награди на 33-то издание на фестивалот „Камера 300“ во Битола, информираа на денешната прес-конференција од Националната установа Музеј Куманово.

-Филмот „Макраме“ на Надица Петковиќ, кустос советник етнолог ја освои престижната награда „УНИКА“ за уметнички пристап и автентично претставување на традицијата, културолошка, тематика која ја претставува богатата традиција на кумановско. Филмот „Три манастирски цркви во кумановско“ на Валентина Андреиќ, кустос советник, историчар на уметност е добитник на високото признание „Златна камера 300“ и го прикажува духовно наследство на крајот, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.

Филмот „Макраме“ е финансиран од општина Куманово, додека „Три Манастирски цркви во кумановско“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

- Овие награди се потврда дека нашето културно наследство, кога е претставено со љубов и професионализам, допира до сите и продолжуваме да го промовираме богатото културно наследство на кумановскиот регион, изјави Живачки.

НУ Музеј Куманово со филмот „Макраме“ веќе аплицирал за учество на фестивали во Европа, првин во Бугарија, а потоа и во Швајцарија. ам/бк/


Фото МИА и НУ Музеј

Остани поврзан