• среда, 17 јули 2024

Нуњес: Покажавме дека Бенфика е голем клуб

Нуњес: Покажавме дека Бенфика е голем клуб
Ливерпул, 14 април 2022 (МИА) – Фудбалерот на Бенфика, Дарвин Нуњез е задоволен од прикажаното издание на неговиот клуб и покрај елиминацијата од Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Бенфика синоќа одигра 3:3 со Ливерпул и со вкупни 4:6 го загуби двомечот. - Покажавме дека Бенфика е голем клуб. Дадовме максимум на теренот. Остваривме реми, не беше доволно да одиме понатаму, но со кренати глави го напуштаме турнирот. Бенфика е одличен тим кој може да постигне повеќе. Тешко е да се игра овде (на Енфилд), не доаѓаат сите овде и не го прават она што ние го направивме. Честитки за Ливерпул, дадовме сЕ од себе. Оваа сезона беше неверојатна за мене, но моите соиграчи ги заслужуваат почестите, Нуњес. Ливерпул во полуфиналето од ЛШ ќе се соочи со Виљареал. зс/

Остани поврзан