• четврток, 26 март 2026

Нуман Куртулмуш повторно избран за претседател на турскиот Парламент

Нуман Куртулмуш повторно избран за претседател на турскиот Парламент

Анкара, 4 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција и пратеник од владејачката Партија за правда и развој (АКП), Нуман Куртулмуш, доби нов мандат на функцијата.

Во третата рунда од гласањето во парламентот што брои 600 пратеници, Куртулмуш доби поддршка од 329 членови.

Куртулмуш беше првпат избран на 7 јуни 2023 година. Откако двегодишниот мандат му истече, вчера беше одржано ново гласање на кое беше реизбран. Според турското законодавство, вториот мандат ќе трае до одржување на следните претседателски избори, кои се предвидени за 2028 година.

По изборот, Куртулмуш се сретна со претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот комплекс во Анкара. Ердоган му честиташе на Куртулмуш и му посака успех во новиот мандат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан