• четврток, 26 март 2026

Ноќеска биле нападнати неколку француски затвори, остра реакција од министерот за правда

Ноќеска биле нападнати неколку француски затвори, остра реакција од министерот за правда

Париз, 15 април 2025 (МИА) - Францускиот министер за правда Жералд Дарманин денеска потврди дека во текот на ноќта биле извршени напади врз неколку француски затвори и рече дека ќе отпатува во Тулон, каде се наоѓа еден од нападнатите затвори.

„Имаше обиди за заплашување на персоналот во неколку затвори, од подметнување оган и палење возила до пукање со автоматско оружје“, напиша Дарманин на платформата X.

„Одам во Тулон за да им дадам поддршка на службениците на овие институции. Француската Република е соочена со проблемот на трговија со дрога и презема мерки кои во голема мера ќе ги нарушат мрежите на криминалните групи“, додаде тој.

Весникот „Ле Паризиен“ (Le Parisien) пишува дека на неколку затворски паркинзи биле запалени возила, а цел на пукотници од автоматско оружје бил и затворот во Тулон.

Весниците пишуваат дека цел на криминалците биле затворските објекти во Тулон, Екс-ан-Прованс и Марсеј, Валенс и Ним, Лујнес, Вилпент и Нантер.сд/

фото: ЕПА 

Остани поврзан