• сабота, 01 февруари 2025

Норвешка го ослободи норвешкиот брод со руски екипаж „Сребрена Данија“ што беше осомничен дека го пресекол кабелот на Балтикот

Норвешка го ослободи норвешкиот брод со руски екипаж „Сребрена Данија“ што беше осомничен дека го пресекол кабелот на Балтикот

Осло, 1 февруари 2025 (МИА) - Норвешката полиција ноќеска соопшти дека дозволила норевешкиот брод со руски екипаж “Сребрена Данија“, што беше задржан претходниот ден, да се врати во морскиот сообраќај.

Бродот беше запрен и придружуван до норвешкиот крак Тромсо поради сомневање дека е вмешан во оштетување на кабелот во Балтичкото Море.

„Истрагата ќе продолжи, но не гледаме причина зошто бродот да остане во Тромсо“, напиша во изјавата норвешкиот обвинител Рони Јоргенсен.

Според него, „не се пронајдени докази што го поврзуваат бродот со случајот (на сечење на подводниот кабел)“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан