• петок, 22 ноември 2024

Норвешката полиција инсталира детектори за дронови на платформи за нафта и гас

Норвешката полиција инсталира детектори за дронови на платформи за нафта и гас

Осло, 4 октомври 2022 (МИА) - Норвешката полиција почна да распоредува системи за откривање беспилотни летала на платформи за нафта и гас за да ги истражи неодамнешните извештаи за нарушувања на безбедноста во областа, објави денеска весникот ВГ, додавајќи дека овој потег е дел од пошироките мерки за зајакнување на безбедноста, по минатонеделното оштетување на гасоводот Северен поток.

Нафтените компании постојано известуваат за зголемување на бројот на неидентификувани беспилотни летала во последните недели, а норвешката Управа за безбедност на нафта (ПСА) на 26 септември предупреди за ризик од несреќи или намерни напади.
Бенедикт Бјорнланд, раководителка на норвешката полиција, изјави дека сензорите се распоредени за да ги идентификуваат сите нелегални беспилотни летала, а исто така и како пречка од кој било што воопшто сака да ги користи. Дирекцијата на полицијата одби да каже колку од над 90-те полиња на нафта и гас во Норвешка се опремени со детектори. „Не сакаме да ви кажеме повеќе за ова бидејќи не сакаме да ги откриеме нашите способности на потенцијалните противници“, изјави Тоне Ванген, шеф на полицискиот оддел за итни случаи. Норвешка, прв европски снабдувач на гас  и голем светски производител на нафта, минатата недела испрати членови на својата морнарица и воздухопловни сили да патролираат на нафтените полиња на морските и на копнените терминали по истекувањето на Северен поток. Многу земји сметаат дека тоа е саботажа. Властите во Осло во петокот известија дека Британија, Германија и Франција ќе им помогнат во патролирањето на морето. Норвешката влада објави дека не знае за конкретни закани. паг/
   
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан