• среда, 29 јануари 2025

Нов секретар на општина Куманово е Емилија Сларидис-Јаневска

Нов секретар на општина Куманово е  Емилија Сларидис-Јаневска

Куманово, 29 јануари 2025 (МИА) - Нов секретар на општина Куманово е доскорешната раководителка на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис-Јаневска. Таа доаѓа на местото на Александар Гелевски кој неодамна беше назначен за директор на Агенцијата за планирање на просторот.

Сларидис-Јаневска дипломирала на архитектонски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2001год. Своето работно искуство го стекнува во неколку приватни компании некои од нив интернационални, но и локални. Од 2010 година работи во Општина Куманово на позиција Советник за урбано планирање, а од 2018 година е назначена на позиција раководител на Сектор за урбанизам во Општина Куманово.

Во своето работно искуство поминува голем број на обуки организирани од меѓународни организации меѓу кои: обука за развој и управување на човечки ресурси, обука за овозможување на локална демократија и холистичко урбанистичко планирање, обуки за нови методи и алатки за одржливо урбанистичко планирање и развој на одржливи градови организирана од Центар за меѓународни постдипломски студии за управување со животната средина, Технички универзитет во Дрезден – Германија, обука за унапредување и заштита на културното наследство организирана од Француската асоцијација на градови со културно наследство, обука за подготовка на проектна апликација за финансирање за имплементација на мерки и други.

За време на позицијата раководител на секторот за урбанизам, Сларидис Јаневска учествуваше во формирањето на партиципативното тело  за подобрување на урбанистичко планирање во Куманово, го донесе „Планот за одржлива урбана мобилност“ (ПОУМ) кој треба да ги реши потребите на кумановци во однос на мобилноста во Куманово и да понуди квалитетни решенија со кои се подобрува квалитетот на животот во урбана заедница. ам/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан