• петок, 05 декември 2025

Нов паркинг за станари во Тетово, Касами најави уредување паркиралиште кај судот

Нов паркинг за станари во Тетово, Касами најави уредување паркиралиште кај судот

Тетово, 29 јули 2025 (МИА) – Тетовскиот градоначалник Биљал Касами промовираше нов паркинг простор за станари во Урбан блок 13 во Тетово или локација позната како „Бугарски пазар“ позади зградите на булеварот „Благоја Тоска“ кај касарната. Станува збор за 70 паркинг места за кои станарите од сега ќе треба да плаќаат по 5000 денари годишно. Дел од станарите на овој простор имаа лимени гаражи.

- Сите граѓани од ова населено место знаат во која состојба беше овој простор, која беше опасност за граѓаните, за децата. Со макотрпна работа на општината, на претпријатието, операторот кој ги реализираше работите на терен, денес имаме целосна трансформација на овој простор. Ќе биде во служба првично на резидентите, но ако има слободни места, ќе биде зонски паркинг, истакна Биљал Касами.

Тој рече дека се вложува и на друга локации, односно ќе се уредува паркинг кај Основен суд Тетово.

- Веќе работиме да се прошири местото за паркинг и со овие паркинг места во Тетово ќе има над 1300 паркинг места, значи околу 300 нови паркинг места со што придонесуваме да системски да го решиме проблемот со паркирањето во градот, рече Касами.

На новинарско прашање зошто нема засилена акција за спречување на двојно паркирање како што најавија со министерот за внатрешни работи, особено сега кога има поголем сообраќаен метеж поради иселениците, Касами вели дека има различни барања за таа проблематика.

- Некои бараат по агресивното делување на полицијата, некои бараат потолерантно делување на полицијата. Затоа ние работиме нели системски да ова го решиме преку студијата каде што ќе се знае и во текот на 12 месеци, во кои делови од градот која е потребата, но и за летниот период кога има, слободно можам да кажам над пет пати повеќе возила во одреден период во градот. Реално ние не можеме да изградиме толку паркинг места, но мора да имаме добро менаџирање со паркингот, одговори Касами.

Тој рече дека како секое лето и годинава се овозможува паркирање во училишните дворови. ас/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан