• петок, 05 декември 2025

Нов земјотрес на Кипар со јачина од над пет степени според Рихтер

Нов земјотрес на Кипар со јачина од над пет степени според Рихтер

Никозија, 12 ноември 2025 (МИА) – Земјотрес со јачина од најмалку 5,3 степени, според првичните податоци, беше регистриран попладнево во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, што воедно е втор земјотрес од над пет степени во период пет часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Според кипарските медиуми, земјотресот бил меѓу 5,3 и 5,9 степени, бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Со ист епицентар и јачина од 5,3 степени беше и земјотресот околу 11.30 часот по локално време.

Во периодот меѓу двата земјотреси беа регистрирани и неколку помали потреси. ср/ссм/

Остани поврзан