• четврток, 22 јануари 2026

Ново урбано јадро добива населбата Радишани, инвестиција обезбедена преку Министерството за транспорт

Ново урбано јадро добива населбата Радишани, инвестиција обезбедена преку Министерството за транспорт

Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Ново урбано јадро со плоштад, парк и пешачка зона ќе добие населбата Радишани. За реализација ќе бидат одвоени 20.003.060 денари обезбедени преку Министерството за транспорт.

- Проектот „Изградба на јавна површина со плоштад и пешачка патека“ во населбата Радишани, општина Бутел, опфаќа уредување и трансформација на простор со површина поголема од 10.000 квадратни метри, во современ, функционален и зелено уреден јавен простор. Со реализацијата на проектот се создава ново урбано јадро, кое ги обединува функциите на плоштад, парк и пешачка зона, наменети за секојдневно користење од сите генерации - објави премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Во рамките на проектот, како што посочува, е предвидено поплочување на јавните површини со квалитетни материјали, изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување со зелени површини, како и поставување урбана опрема, осветление и содржини за одмор, рекреација и социјална интеракција. бак/паг/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Остани поврзан