• сабота, 23 ноември 2024

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар „Србија“, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булевар АСНОМ во Општина Аеродром. Како што информираат од Град Скопје со реализацијата на овие активности, на овој потег во Општина Аеродром ќе се формира нов зелен коридор на површина од 3.700 квадратни метри меѓу коловозната лента и вело патеката на булеварот „Србија“. -Хортикултурното уредување се реализира етапно и опфаќа формирање нов тревник, садење нова вегетација и спроведување на систем за полевање. Новопредвиденото зеленило го сочинуваaт листопадни и зимзелени садници, а изборот на видовите е направен да се добие естетски и функционално уредена зелена површина, велат оттаму. свс/дма/

Тагови

Остани поврзан