• петок, 05 декември 2025

ВРЕДИ: ДУИ се единствените што губат кога владее ред и мерит систем

ВРЕДИ: ДУИ се единствените што губат кога владее ред и мерит систем

Скопје, 22 јуни 2025 година

ВЛЕН најостро ги осудува лицемерните обиди на Бујар Османи и Арбер Адеми да ја блокираат и омаловажат процедурата за конечно усвојување на Законот за правична застапеност. Очигледно имаат нешто против уставното право за Албанците, кое ДУИ никогаш не го реализираше.

Очигледно е дека тие од ДУИ се единствените што губат кога владее ред и мерит систем, затоа што Бујар Османи ја вработи сопругата во АЕК, а сестрата во М-НАВ, на најскапи работни места, додека Арбер Адеми му обезбеди универзитетска плата на својот брат.

Додека тие и нивните семејства се шетаа низ јавните институции и бираа ВИП позиции, младите Албанци мораа да се селат во Германија за да најдат работа и достоинство.

Со Законот за правична застапеност тоа време завршува. Од сега критериум ќе бидат знаењето, квалификациите и компетентноста – не семејното дрво, ниту партиската книшка. Токму затоа најгласни противници се Бујар Османи и Арбер Адеми; нивното комодитетно привилегирање повеќе не поминува.

Правичната застапеност нема да биде тезга за вработување на семејствата на функционерите од ДУИ. Ќе биде законско право за секој Албанец.

ВЛЕН стои цврсто зад секој млад човек што сака да гради кариера тука, дома. Ќе обезбедиме секоја институција да биде огледало на општеството – не приватен имот на политичките фамилии.

Коалиција ВРЕДИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан