• петок, 10 мај 2024

„Новогодишен базар 2023" во Крива Паланка

„Новогодишен базар 2023

Крива Паланка, 29 декември 2023 (МИА) - На  градскиот плоштад во Крива Паланка вечерва публиката уживаше во настапите на Тин камп  „Дајте музика" и Антонија Гиговска, како дел од програмата на „Новогодишен базар 2023".

-Публиката од различни возрасти, најмногу млади, се забавуваше во ритамот на настапите на популарните момци и девојки од „Дајте музика", уживаше во изведбата на Антонија Гиговска, а разиграната студена вечер во градот ја раздвижија и триковите на Кристијан Бенито, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Најмладите денес уживаа со „Распеано симитче", "Далматинко и Дедо Мраз", новогодишно комично шоу, Ѓурчиновски и пантомима, додека утре, за крај на  „Новогодишен базар 2013", следуваат: дневна програма и пристигнување на Дедо Мраз, во 11 часот, а утревечер  на програмата се настапите на Два Бона, огнено шоу и Некст Тајм.ид/лв/

Фото Општина Крива Паланка

Остани поврзан