• петок, 22 ноември 2024

Новогодишен базар „Вино и Винил“ на Сараиште во Охрид

Новогодишен базар „Вино и Винил“ на Сараиште во Охрид

Охрид, 19 декември 2023 (МИА) – Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид за в сабота на плажата Сараиште во Стариот дел на Охрид организира целодневна винил-забава, со Божикен маркет и греано вино и ракија.

Настанот е од хуманитарен карактер, со тоа што средства што ќе се соберат на манифестацијата ќе бидат донирани за добропознатата хуманитарна акција „Пакетчиња за сите дечиња“.

За забавата ќе бидат задолежени ди-џеите „Vanco Play“, „Tome Rootboy“, „Zupsan“, „Acko“, „DJ Dostin“, „DJ Martino“, „DJ Oli“.

Тие ги повикуваат сите колекционери на плочи да донесат неколку омилени примероци од своите архиви, истите ќе се вртат на грамофон, се за добра и опуштена предновогодишна забава.

Оние што ќе дојдат на Сараиште в сабота ќе можат да купат некои од ракотворбите што ќе бидат изложени на базарот, најразлични мали подароци, свеќи, новогодишни украси, слики, беџови...

На овогодинешниот базар со свои производи ќе се претстават „Simplycated“, „Copper Art“, „Sweet Dreams Factory“, „Mh CandelCo“, „Texturedora“, „Boketto“, „Art with love“, „Kreema Woods“,  „Why Knot macrame design“, „The Candle Shop“, „Brillo“, „Balkocrafts“, „Bache Handmade Design“, „Снегулки“, “The sweet room, Anart“.

Присутните ќе можат да уживаат во греано вино, топла ракија и чајче за што се задолжени „Kadmo Bar“ и „Jazz Inn“. Почетокот на настанот е предвиден за од 11 часот, се додека има интерес и присутни на Сараиште. аб/аа/

фото/плакат

 

Остани поврзан