• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нови сензорни соби пуштени во употреба во две скопски средни училишта

Нови сензорни соби пуштени во употреба во две скопски средни училишта

Скопје, 7 мај 2024

Во средните училишта на Град Скопје „Боро Петрушевски” и „Цветан Димов“ пуштени се во употреба ново опремените сензорни соби кои ќе им овозможат поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од скопските средни училишта.

Досега Град Скопје опреми сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на градот со цел креирање инклузивна средина за сите наши ученици средношколци.

Град Скопје во континуитет ги реализира активностите со кои е предвидена поддршка за средношколците со попреченост преку имплементирање проекти кои имаат клучна улога во подобрувањето на благосостојбата, обезбедувајќи безбеден и удобен простор прилагоден на нивните секојдневни потреби.

Одделение за односи со јавност на Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан