Нови руски ракетни напади врз Киев и Харков
- Русија изврши ракетни напади врз Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија денеска украинските власти.
Киев, 23 јануари 2024 (МИА) - Русија изврши ракетни напади врз Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија денеска украинските власти.
-Експлозии во градот! Детали подоцна. Не ги напуштајте засолништата, напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Сергеј Попко, шефот на воената управа на регионот, објави дека системите за противвоздушна одбрана биле ангажирани во одбивањето на рускиот ракетен напад.
Попко изјави дека како резултат на нападот, неколку автомобили се запалиле во киевскиот кварт Свјатошин, западно од центарот на главниот град.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на Телеграм објави дека Русија извршила напад и врз тој град.
-Повторно го гаѓаат Харков, веќе имаше неколку експлозии, рече Терехов. мс/
фото: ЕПА