• четврток, 04 декември 2025

Нови подови за спорт во општина Аеродром

Нови подови за спорт во општина Аеродром

Скопје, 11 август 2025 (МИА) - Пред почетокот на новата учебна година во спортската сала „Марко Божиновски“ и на спортското игралиште во Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром целосно се заменуваат подовите со нова нелизгачка спортска подлогa.

Како што информира Општина Аеродром, целта на оваа активност е да се подобри спортската инфраструктура и да се создадат побезбедни услови за спортување на учениците во Ново Лисиче.

- Со инвестициите во спортската инфраструктура обезбедуваме подобри и побезбедни услови за нашите ученици и млади спортисти. Верувам дека новите сали ќе бидат место каде што ќе се раѓаат нови успеси и спортски пријателства. Нашите деца заслужуваат најдобри услови за спорт, изјави в. д. градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, кој денеска изврши во работните активности.

Од Општина Аеродром потенцираат дека остануваат посветени на спортот и на здравиот животен стил за сите генерации. мд/вг/

Фото: Општина Аеродром 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан