• петок, 05 декември 2025

Нови експлозии во Хамбург: Пожарникарите се борат со жаришта во пристаништето

Нови експлозии во Хамбург: Пожарникарите се борат со жаришта во пристаништето

Хамбург, 27 август 2025 (МИА) – Во пристаништето во Хамбург синоќа се случија нови експлозии откако вчера беше изгаснат големиот пожар што беснееше повеќе од 40 часа, соопштија властите.

Два контејнера се запалија и беа гасени од безбедно растојание со водени топови, изјави портпаролот на противпожарната служба во Хамбург.

За да се спречи ширењето на пожарот, службите за итни случаи поставија водени завеси меѓу контејнерите, пренесува ДПА.

Утрово, околу 30 пожарникари сè уште беа на терен, со задача да откриваат жаришта и да отвораат контејнери за да ги изгаснат.

Истрагата за причината за пожарот ќе започне дури по целосното гасење, соопштија властите. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан