• недела, 22 декември 2024

Новиот шеф на полицијата во Бангладеш ветува непристрасна истрага за смртта на демонстрантите

Новиот шеф на полицијата во Бангладеш ветува непристрасна истрага за смртта на демонстрантите

Дака, 7 август 2024 (МИА) - Новиот началник на полицијата во Бангладеш, Мајнул Ислам, вети непристрасна истрага за насилните протести во кои загинаа луѓе во земјата од почетокот на јули и се извини за однесувањето на полицајците, пренесоа француските медиуми.

Тој додаде дека ги повикал полициските сили да го прекинат штрајкот и да продолжат со работа утре, кога се очекува добитникот на Нобеловата награда за мир, Мухамед Јунус да биде на чело на привремената влада.

-Ние сме посветени на спроведување фер и непристрасна истрага за секое од неодамнешните убиства на студенти, обични граѓани и полицајци, изјави Мајнул Ислам за новинарите еден ден по неговото назначување, откако премиерката на земјата, Шеик Хасина беше сменета.

Од почетокот на јули, повеќе од 400 луѓе загинаа во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили пред Хасина да ја напушти земјата во понеделникот. мс/

фото: ДПА

 

Остани поврзан