• петок, 22 ноември 2024

Новинар се обиде да се запали во Вашингтон поради „израелскиот геноцид во Газа“

Новинар се обиде да се запали во Вашингтон поради „израелскиот геноцид во Газа“

Вашингтон, 6 октомври 2024 (МИА) - Маж по име Самуел Мена, кој се претставил како новинар, се обидел да изврши самозапалување во близина на Белата куќа во Вашингтон, каде протестирал против израелскиот геноцид во Газа.

На видеата објавени на социјалните мрежи, се гледа дека полицијата го спречила момчето да се запали.

– Јас сум новинар. Ве молам, запрете ги лажните вести, извикал младиот човек за време на обидот да се запали.

Еден од демонстрантите се обидел да го изгасне огнот со вода, но Мена претрпел изгореници на рацете.

Сведоци тврдат дека мажот рекол дека е новинар на Си-Би-Ес и ја обвинил оваа медиумска куќа за ширење лажни вести за Газа.

Ова е четвртиот обид за самозапалување на пропалестинските протести во САД.

Најголемо внимание привлече случајот на 25-годишниот Арон Башнел, кој беше на активна должност во американското воено воздухопловство, кога на 24 февруари се самозапалил пред амбасадата на Израел во Вашингтон.

Башнел го пренесувал неговото самозапалување во живо на социјалните мрежи.

– Повеќе нема да учествувам во геноцидни злосторства – извикал Башнел пред да се полее со бензин и да се запали. ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан