• понеделник, 23 декември 2024

Нова фасада за средното кумановско училиште „Перо Наков“

Нова фасада за средното кумановско училиште „Перо Наков“
Куманово, 6 јуни 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“, соопштија денеска надлежните.
Реконструкцијата на фасадата се спроведува согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука и Општина Куманово, односно секторот за образование и училиштето во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“.
Претходно, со 1 979 947 денари обезбедени од општината, во училиштето заврши партерното уредување на целиот училишен простор со кое беше замената надворешната и внатрешната столарија на 54 училници, кабинети канцеларии и тоалети. - Постојано се вложува во реконструкција и санација на објектот и се надеваме дека значително ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на наставата во училиштето. Наредната учебна година учениците ќе имаат одлични услови за изведување на наставата, изјави директорката, Мила Жибак Димковска. Средното општинско училиште „Перо Наков“ Куманово доби столчиња, маси, компјутери и Смарт-табли за потребите на учениците од двата објекти. Учениците кои следат настава во централниот и дисперзираниот објект добија 200 столчиња, 100 клупи, како и 97 компјутери и седум Смарт-табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет Настава во СОУ „Перо Наков“ следат околу 800 ученици на македонски и албански наставен јазик. Учениците од прва година од профилите економски техничар, техничар за изработка на обувки и техничар за изработка на облека, следат и дуално образование. ам/ар/

Остани поврзан