• понеделник, 23 декември 2024

Нова услуга на делчевската библиотека наменета за лица со здравствени потешкотии

Нова услуга на делчевската библиотека наменета за лица со здравствени потешкотии

Делчево, 24 септември 2024 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево воведува нова услуга за сите граѓани со здравствени потешкотии. Сите кои од оправдани причини не можат да набават книги, почнувајки од крајот на месецот, како што информираше денеска директорката Биљана Петровска, бараната книга ќе им биде доставена дома.

- ЈЛБ „Илинден" Делчево, ги информира сите граѓани, кои сакаат да бидат наши членови и сакаат да читаат, а од било кои оправдани причини (стари лица,болни лица, особено со проблеми со движењето) не можат да дојдат до библиотеката, од 30.09.2024 година, бараната книга ќе им биде однесена дома. Истовремено прочитаната книга ќе биде земена од нив и раздолжена во библиотеката, информираше Петровска.

Доставувањето на книгите ќе се врши секој работен ден од 7:30 до 18 часот.

- Потребно е овие лица да се јават на телефоните 070/211-719; 076/470-530 и 077/719-890. Овие лица треба да кажат кој наслов го сакаат, кој ден и во колку часот ќе бидат дома , и книгата ќе им биде доставена. Се разбира  мора да бидат наши членови и доставувањето на книгата да биде во работни денови од понеделник до петок и во работно време на библиотеката од 7,30 до 18 часот, додаде Петровска.

Јавната локална библиотека „Илинден“ мора и треба  на сите граѓани кои сакаат да читаат и го сакаат убавиот пишан збор, да им овозможи да дојдат до саканиот наслов. Од тие причини како што посочија од установата се воведува овој новитет во секојдневното работење на библиотеката. вс/цр

Фото: МИА

 

Остани поврзан