Нова „Покемон“ аниме серија
- Серијата се состои од четири епизоди и ќе биде достапна на стрим-каналот на Јутјуб, почнувајќи од 6 септември.

Токио, 10 август 2023 (МИА) - Сосем ново продолжение на јапонската аниме серија „Покемон“ ќе следи наредниот месец. Тоа беше најавено со трејлер објавен вчера на официјалниот „Покемон“ канал на Јутјуб.
Со наслов „Pokemon: Palden Winds“, серијата се состои од четири епизоди и ќе биде достапна на стрим-каналот на Јутјуб, почнувајќи од 6 септември оваа 2023 година.
Во новиот проект учетвуваат режисерот Рјухеи Такешита, сценаристите Теруко Уцуми и Кејсуке Сату, дизајнерот за бои, Ајака Накамура, уметничкиот режисер Јуки Фунагакуре, 3-Д режисерот Шигенори Хирозуми, музичарот Кевин Пенкин и други. си/ссм/
Фото: Јутјуб