• недела, 19 мај 2024

Нова пешачка патека во Миладиновци

Нова пешачка патека во Миладиновци
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Заврши изградбата на новата пешачка патека во населбата Миладиновци. Пешачката патека е во должина од околу 850 метри и се протега од влезот на Миладиновци до паркот со споменикот на Васил Аџаларски. Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изградбата на пешачката патека значително ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите. Патеката е изградена во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива во Илинден” што се спроведува во сите населени места во општината. сх/бак/

Остани поврзан