• среда, 29 јануари 2025

Нова инвестиција во образованието во Ѓорче Петров – 270 м² нови подови во ООУ „Димитар П.Ѓ. Беровски“

Нова инвестиција во образованието во Ѓорче Петров – 270 м² нови подови во ООУ „Димитар П.Ѓ. Беровски“

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат во централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, информираат од Општината.

Се изведуваат работи на целосна промена на подовите во училниците на површина од 270 м², како и замена на оштетените внатрешни врати. Овие активности, велат од Општината, се дел од напорите за модернизација и унапредување на образовната инфраструктура во општината.

-Со овие инвестиции, се грижиме да обезбедиме современи и безбедни услови за учење. Ова не се само градежни зафати, туку вложување во иднината на нашите деца и нивниот квалитет на образование. Нашата цел е да обезбедиме простор каде што децата ќе можат да учат и растат во најдобри услови, изјавил градоначалникот Стојкоски.

Со овие активности, училиштето не само што добива нов изглед, туку создава функционален и инспиративен простор за учениците.

Општина Ѓорче Петров, најавуваат оттаму, продолжува со инвестирање во образовната инфраструктура со цел подобрување на условите за образование на учениците во сите училишта во општината.

Во истото училиште, Општина Ѓорче Петров неодамна завршила два големи инфраструктурни проекти за подобрување на условите за физичко образование и спорт - реконструкција на игралиштето за фудбал на трева, како и за баскет на тартан подлога. сст/са/

фото Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан