• недела, 22 декември 2024

Нова ерупција на вулканот Ибу

Нова ерупција на вулканот Ибу

Џакарта, 27 мај 2024 (МИА) – Вулканот Ибу во Индонезија денеска повторно еруптираше и исфрлаше пепел во висина од шест километри.

Вулканот Ибу што се наоѓа на островот Халмахера, во провинцијата Северна Молука, е активен од почетокот на годината и досега се регистрирани најмалку 95 ерупции.

Од средината на месецот во Индонезија во сила е највисокиот степен на предупредување поради ерупција на вулканот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан