• петок, 22 ноември 2024

Новата влада на Камбоџа ќе разгледа шест приоритетни политички програми

Новата влада на Камбоџа ќе разгледа шест приоритетни политички програми

Пном Пен, 3 септември 2023 (МИА) - Новоименуваниот премиер на Камбоџа Хун Манет, рече дека седмиот мандат на владата ќе земе предвид шест приоритетни политички програми што треба веднаш да се спроведат во 2023 година, покрај „Политичката платформа“, јави БТА.

Шесте политички програми премиерот ги објави во својот говор откако Националното собрание ја одобри нејзината структура и изгласа доверба на новите членови на владата утринава во Палатата на Националното собрание.

Според Хун Мане, шесте политички програми вклучуваат проширување на здравствените услуги за да се постигне универзална здравствена покриеност; обезбедување на стручна и техничка обука за млади од сиромашни и ранливи домаќинства низ државата; институционализација на националната програма за социјална помош на сиромашни домаќинства, ранливи лица од сиромашни домаќинства и домаќинства во ризик за време на економски кризи и вонредни состојби; fормулирање и забрзување на имплементацијата на Стратегијата за развој на неформалната економија за да им се овозможи да учествуваат во формалната економија и да имаат корист од придобивките од формалниот систем за социјална заштита.

Другите две програми што ги најави се воведување механизам за координација и програма за финансирање за подобрување на земјоделското производство, пристап на пазарот и стабилност на цените на разумно ниво и распоредување на земјоделски технички службеници во сите општини и населени места кои вршат земјоделска дејност и формирање на здруженија на земјоделски производители во руралните средини. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан