• вторник, 05 ноември 2024

Нико Ковач доби отказ од Волфсбург

Нико Ковач доби отказ од Волфсбург

Волфсбург, 17 март 2024 (МИА) - Германскиот фудбалски клуб Волфсбург го отпушти тренерот Нико Ковач.

„Волците“ загубија со 3:1 на домашен терен од Аугсбург вчера, а ова беше 11-ти последователен првенствен натпревар без победа и трет пораз во низа. Шампионите од 2009 година се 14-ти на табелата и шест бода над местата за учество во баражот.

- По поразот од Аугсбург, решивме да ги прекинеме односите со Нико Ковач. Жалиме за настанатата ситуација, но веруваме дека треба да му дадеме импулс на тимот да се стабилизира, извести директорот Марсел Шефер.

Волфсбург го напушти и братот на Нико Ковач, Роберт, кој беше помошник тренер. дс

Фото: Твитер/Волфсбург

Остани поврзан