• петок, 22 ноември 2024

Николоски реизбран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа

Николоски реизбран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - Во Стразбур се одржува редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски  е  реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Советот на Европа.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Николоски оваа позиција ја извршуваше  и во изминатите две години, а и денес ја добил поддршката од членовите на Европската Народна Партија, што значи дека и во  следните две години ќе биде потпретседател на Европската Народна Партија во Советот на Европа.

-Тоа е и огромна чест и огромна привилегија, имајќи предвид дека се работи  за најголемото политичко семејство во Европа, кое што има пратеници и во Советот на Европа и во Европскиот Парламент. Најголем дел од претседателите и премиерите на замјите членки на Европската  Унија доаѓаат токму од Европската Народна Партија. Исто така и претседателката на Европската Комисија доаѓа од Европската Народна Партија, потенцира Николоски.

Воедно додава дека тоа е една потврда и поддршка и за земјава, како и за неговата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, која што е член на Евопската Народна Партија.

- Во следните две години ќе продолжам да се залагам за заштита на човековите права, на малцинските и на јазичните права на сите оние на кои што им се загрозени, особено на Македонците кои што живеат во Бугарија, во Грција и во Албанија кои што немаат признати малцински јазични права. Исто така, ќе продолжам  да се залагам за интересите на Македонија и ќе се обидам оваа позиција да ја искористам  најдобро можно, најавува Николоски.

Тој иформира  дека она што преставува дополнителна привилегија и чест е што, покрај него, избрани се уште пет други политичари на оваа позиција како потпретседатели на Европската Народна Партија во Советот на Европа. Тоа се политичари од Германија, Италија, Норвешка и Полска.

- Тоа  значи е еден навистина престижен избор кој што само покажува што треба да правиме во следниот период и на каде треба да се движи политиката и на мојата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, истакна Николоски. ад/дма/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан