Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници (видео)
- Николоски на неговиот профил на Фејсбук објави петминутно видео на кое се гледа како интензивно се работи на делниците Прилеп - Битола, Тетово - Гостивар (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид) и Гостивар - Букојчани (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид).
Скопје, 1 јуни 2025 (МИА) - Интензивно се работи на три автопатски делници, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски.
Николовски на неговиот профил на Фејсбук објави петминутно видео на кое се гледа како интензивно се работи на делниците Прилеп - Битола, Тетово - Гостивар (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид) и Гостивар - Букојчани (дел од автопат Скопје - Струга - Охрид).
-Напорната работа дава резултати! Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати, посочува тој. ев/
ФОТО: Принтскрин