• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: За аферата „Паразити“ излегуваме со факти, висината на платите треба да е соодветна со тежината на работата

Николоски: За аферата „Паразити“ излегуваме со факти, висината на платите треба да е соодветна со тежината на работата
19 ноември 2022 

При денешната посета на општина Велес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски  одговарајќи на новинарско прашање во однос на  аферата „Паразити“ истакна дека висината на платите треба да соодветствува со тежината на работата а граѓаните кои што вистински работат треба да имаат повисоки плати а не оние што ги нарекуваат паразити, кои што ништо не работат а земаат плата.

„Ние излегуваме со факти, најдобар доказ дека точно сме погодиле онаму каде што треба е тоа што никој од овие кои што до сега се споменати не демантираше дека не зема толку висока плата, напротив сите потврдија со некои смешни образложенија, висината на платите треба да соодветствува со тежината на работата, а овде за жал каде што ние објавуваме висината на платите воопшто не соодветствува со тежината на работата еве само еден пример, објавивме за високата плата на директорот на АЕК на агенцијата за електронски комуникации дали било кој граѓанин во државата знае што работи агенцијата за електронски комуникации и уште повеќе дали знае кој е директор и дали знае што тој директор работи. Така што во такви услови да се цица македонскиот буџет во услови кога граѓаните не можат да врзат крај со крај една расипничка политика не случајно буџетот за 2023 година има највисока стапка за дискрециони трошења од рекордни 924 милиони евра, скоро една милијарда евра владата дискреционо ќе троши на вакви така наречени трансфери, плати и така натаму што само покажува во која расипничка фаза се, овие трошења треба да се скратат, да се насочат кон продуктивни трошоци пред се тука мислам на развојни инфраструктурни проекти и секако кон поддршка на граѓаните, затоа што развојни проекти ќе ја подобрат економијата а тоа ќе го зголеми животниот стандард на граѓаните и треба граѓаните кои што вистински работат да имаат повисоки плати а не овие како што ги нарекуваме паразити, кои што ништо не работат а земаат плата“,  нагласи Николоски.

  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан