• понеделник, 23 декември 2024

Николоски: Имам политичка кариера која е без дамка

Николоски: Имам политичка кариера која е без дамка
Скопје, 13 април 2021 Во паника од аферите кои на дневна основа и се случуваат на власта на СДСМ се обидуваат да измислуваат и подметнуваат со цел да дефокусираат ама тоа нема да им успее! Минатата недела требаше да имаме соочување со Зоран Зев во суд на кое требаше да одговори на многу непријатни прашања поврзани со случајот Рекет. За негова среќа се одложи, но ќе се видиме на 2ри Јуни. Во паника се обидоа да измислат афера за мене. Одговорив веднаш дека се тоа глупости и дека нема никаква вистина, еве денес повторно одат со истите тези. Повторно ќе одговорам и мислам дека е доволно. Јас бев Потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа што е највисока позиција која македонски пратеник било кога ја имал. Бев и потпретседател на бројни тела на ПССЕ како и член на мониторинг мисии, а бев и на чело на оценската ад хок мисија за референдумот во Азербејџан во 2016 година, исто така највисока позиција што било кој македонски пратеник ја имал. За мојата работа сум добил бројни признанија во Стразбур. Во однос на оценската мисија за референдумот во 2016 г можам да кажам дека ја заврши својата работа успешно, мисијата беше ограничена само на изборниот ден и кампањата, затоа што се друго е работа на мониторинг дијалогот помеѓу ПССЕ и конкретната држава. Извештајот беше критичен и покрај другото повика Азербејџан да го почитува мислењето на Венецијанската комисија, а реагираше и за притворањето на неколку активисти кои потоа и заради притисокот на мисијата беа ослободени. За својата работа мисијата која ја водев изработи извештај кој беше усвоен од цело ПС на Совет на Европа, а извештајот беше цитиран и од Европската унија. Дел од таа мисија беа пратеници од Шпанија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Австрија, но не и пратеникот кој го споменува СДСМ. Во ПССЕ има 315 пратеници од 47 земји, ако некој нешто направил не значи дека се однесува на сите. Бројни пратеници од СДСМ биле во ПССЕ дали ова се однесува и на нив? Или еве сега шеф на македонската делегација во ПССЕ е токму Костадин Костадинов по истава аналогија и тој треба да биде одговорен за било која активност на било кој од тие 315 пратеници од 47 држави. Смешно и очајно! Гнасно е да бидам обвинуван за нешто за кое не сум ни помислил, а камо ли да го направам, јас имам политичка кариера која е без дамка. Јас не возам мотори, немам вили на море, нити десетици фирми, тоа го има Зоран Заев, јас не барам „евро за братот евро за црквата“. И уште ова - знам дека голема желба на СДСМ е јас да не го водам Националниот Совет за евроинтеграции затоа што знаат дека со мојата активност и контакти нема да може да манипулираат со јавноста во делот на интеграција во ЕУ. Затоа и го одлагаа мојот избор дури до Декември иако Собранието е во функција уште од Август. Тој филм нема да го гледаат. Ќе треба да дадат отчет за се, а пред се конечно да кажат на македонската јавност КОЈ Е ДАТУМОТ на кој Македонија ќе почне преговори со ЕУ? КОЈ Е ДАТУМОТ? Александар Николоски Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан