• петок, 22 ноември 2024

Николовски – Милер: САД силен поддржувач во борбата против криминалот и корупцијата

Николовски – Милер: САД силен поддржувач во борбата против криминалот и корупцијата

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави се еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава, при што во делот на Царината силен фокус во соработката е сузбивањето на криминалот и корупцијата како и зголемување на институционалните капацитети во наплатата на приходи, било истакнато на средбата помеѓу директорот на Царинската управа, Бобан Николовски и шефот за економски прашања во амбасадата на САД, Рајан Милер.

На состанокот, како што информираат денеска од Царинската управа, двете страни говореле за напредокот на Работниот план со Трезорот на САД каде експерти од двете институции работат на развој на мерки коишто ќе придонесат за прибирање повеќе приходи во Буџетот и сузбивање на сивата економија и корупцијата.

Воедно се говорело и за проектот за телесни камери за царинските службеници, како и за континуираните обуки на царинските службеници во рамки на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност при Амбасадата на САД.

Од страна на директорот била изразена огромна благодарност до САД за нивната континуирана поддршка во развојот на Царинската управа. сст/дма/

фото: Царинска управа

 

 

 

Остани поврзан