• недела, 22 декември 2024

Николовски – Болеа: Ја зголемуваме меѓусебната соработка и трговија со Молдавија во делот на винарството

Николовски – Болеа: Ја зголемуваме меѓусебната соработка и трговија со Молдавија во делот на винарството

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) -  Зголемување на меѓусебната соработка и трговија меѓу Северна Македонија и Молдавија, идентификувајќи во наредниот период повеќе области од заеднички интерес на двете земји, како и поголема заедничка вклученост во евроинтеграциите на двете држави, констатирале на денешната средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик претседателот на Владата и министер за земјоделство на Молдавија, Владимир Болеа.

Како што соопшти МЗШВ, Северна Македонија и Молдавија се познати по својата винска традиција. Двајцата министри на средбата размениле искуства во делот на винарството, а министерот Николовски ја презентирал нашата успешна винска приказна по која сме познати во светот.

-Македонското вино е нешто со што се гордееме. Денеска македонското вино е високо позиционирано на винската мапа. Ние како држава во 2022 година имаме остварен девизен прилив во вредност од скоро 60 милиони долари. Овие успешни резултати на нашата држава се потврдени и од страна на World Top Export кој за 2022 година нашата држава ја позиционира во првите 15 држави во светот на скалата по девизен прилив пресметан во долари. Ова се одлични резултати за една мала земја како нашата која се натпреварува со далеку поголеми држави, истакнал министерот Николовски.

Министерот за земјоделство и заменик претседателот на Владата на Молдавија изразил благодарност за нашата поддршка кон Молдавија при нејзиното зачленување во рамки на SWG.

На средбата, што се одржала во рамки на денешниот 17-годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа во Јахорина, присуствувале и раководителот на секторот за рурален развој, Гоце Георгиевски и раководителот на секторот ИПАРД, Живко Брајковски. дма/бак/

Фото: МЗШВ
 

 

 

 

Остани поврзан