Николовски: Царинската управа пример во регионот во имплементација на напредни ИТ системи
- Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Преку дигитализација на царинските процеси ја создаваме основата за функционирање на единствениот пазар и забрзување на влезот на земјата во ЕУ, како клучно за успешна пазарна економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на маргините на конференцијата во Загреб, „Интеграција и дигитална трансформација – Патот до ЕУ царина“ во организација на хрватската Царинска управа.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.