• недела, 22 декември 2024

Николовски - Станков: Унапредување на соработката на Царинска управа и Државниот завод за статистика

Николовски - Станков: Унапредување на соработката на Царинска управа и Државниот завод за статистика

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Унапредување на соработката со Државниот завод за статистика преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов меморандум за соработка. Ова е договорено на денешната средба на директорот на Царинска управа Бобан Николовски со директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков.

Како што информира Царинската управа, Николовски истакнал дека податоците за надворешно-трговската размена ги разменуваат со Државниот завод за статистика.

- Царинската управа ја олеснува трговската размена со останатиот дел од светот, а истовремено податоците за надворешно-трговската размена ги разменува со Државниот завод за статистика. Високиот степен на дигитализација ни овозможува да бидеме во тек со светските трендови, а сетовите на податоци кои ги разменуваме во делот на надворешно трговската размена овозможува компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво, истакна Николовски.

Станков на состанокот потенцирал дека примарна цел на Државниот завод за статистика е дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци.

-Во насока на понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, електронското преземање на податоци од Царинската управа е исклучително значаен чекор, вели Станков. мд/са/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан