• петок, 26 април 2024

Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Скопје, 19 април 2024 

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.

Донесовме економска стабилност за пензионерите.

„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.

Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.

„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, односно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.

Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.

„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.

Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.

„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во државата“, истакна Николовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан