• петок, 22 ноември 2024

Николовски: На овој ден ја ја одбележуваме посебноста на Власите, како дел од нашето мултиетничко општество

Николовски: На овој ден ја ја одбележуваме посебноста на Власите, како дел од нашето мултиетничко општество
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај - Националниот ден на Власите, со желба за добро здравје среќа и бериќет, истакна денеска генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во честитката упатена до припадниците на влашката етничка заедница во Република Северна Македонија. -На овој ден  ја одбележуваме посебноста на Власите,  како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и јазик, како значаен дел во мозаикот на мултикултурализамот во нашата држава, нагласи Николовски. Генералниот секретар на СДСМ додаде дека влашката заедница низ историјата несебично го давала својот придонес во борбата за слобода, државност и независност.
-Денес продолжува да придонесува во градењето на нашето современо општество, заедништво и меѓусебно почитување. Честит 23 мај, Национален ден на Власите!, напиша тој во честитката. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан