Николовски на дводневен состанок за „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ во Будимпешта
- Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ што се одржува денеска и утре во Будимпешта.
Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски учествува на состанок на високо ниво „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ што се одржува денеска и утре во Будимпешта.
На состанокот, како што соопшти Царинската управа, присуствуваат директори и високи претставници на царините од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ.
Настанот, кој беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, е организиран под покровителство на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ и Националната даночна и царинска администрација на Унгарија. дма/
Фото: Царинска управа