• петок, 22 ноември 2024

Николиќ Мазнева: Поднесени се пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот

Николиќ Мазнева: Поднесени се пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева денеска на прес-конференција информира дека нема да дозволи  политички центар да ја контролира работата на комунална хигиена и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. 

– Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси, рече Мазнева.

Според неа, оваа група им се заканувала на останатите вработени да не излегуваат и да работат, и како што рече, затоа во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Мазнева на прес-конференцијата информира дека на вработените во Комунална им биле зголемени платите во март за 864 денари. Таа истакна дека договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место.

Инаку, дел од вработените во Комунална хигена неколку дена бараат средба со директорката барајќи повисоки плати, исплата на К-15 и бенфициран стаж. цр/

Фото:МИА

 

Остани поврзан