• понеделник, 23 декември 2024

Николиќ Мазнева вети К15 за вработените во ЈП „Комунална хигиена“, разговорите ќе продолжат од понеделник

Николиќ Мазнева вети К15 за вработените во ЈП „Комунална хигиена“, разговорите ќе продолжат од понеделник

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Во Полициска станица Гази Баба синоќа околу 23.00 часот е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат, потврдија за МИА од МВР во врска со протестот на вработени во ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. 

Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител.

Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот се појавила директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побарала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.

Директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.

Вработените во „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева вчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи  политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени. 

Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да нјадат соодветно решение за собирање на сметот. 

Голем број граѓани се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град. цр/

Фото:прин скрин/МИА

 

Остани поврзан