• недела, 22 декември 2024

Нигериските сили спасиле 14 од 20 грабнати студенти од универзитет

Нигериските сили спасиле 14 од 20 грабнати студенти од универзитет

Абуџа, 26 септември 2023 (МИА) - Нигериските безбедносни сили спасија 14 од најмалку 20 студенти кои минатата недела беа киднапирани од универзитет во северозападниот дел на земјата и трагаат по преостанатите заробеници, соопштија денеска образовните власти. 

Вооружени напаѓачи минатата недела нападнаа образовна установа во градот Бунгуду, во државата Замфара, и избега со студентите и некои работници.

Ова е прво масовно киднапирање на ученици во Нигерија откако претседателот Бола Тинубу ја презеде функцијата во мај.

Ваквите киднапирања на ученици од училиштата се вообичаени во северозападните и централните региони на Нигерија, каде вооружените групи често земаат луѓе како заложници и бараат огромни откупнини.

Киднаперите, наведуваат аналитичарите, ги користат откупнините за купување оружје и продолжување на нивните нелегални активности.

„Четиринаесет студенти од Федералниот универзитет во Гусау беа спасени заедно со уште две лица“, се наведува во соопштението на универзитетот.

Не беше наведено кога тие беа ослободени или природата на спасувачката операција, но универзитетот соопшти дека безбедносните сили „даваат се од себе“ за да ги спасат преостанатите студенти и дека се преземаат чекори за зајакнување на безбедноста околу универзитетот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан