• недела, 22 декември 2024

Не се смирува епидемијата на морбили во БиХ: Само во Сараево 800 случаи

Не се смирува епидемијата на морбили во БиХ: Само во Сараево 800 случаи

Сараево, 30 март 2024 (МИА) - Во Босна и Херцеговина не стивнува епидемијата на морбили. Секој ден има се повеќе заразени деца, а лекарите како причина за тоа ја наведуваат недоволната вакцинација.

Во моментов само во кантонот Сараево има 829 пријавени случаи на мали сипаници, јавува „Аваз“.

Малите сипаници се многу заразна болест. Во случај на изложеност на вирусот на морбили, најмалку 95 проценти од неимунизираните лица се разболуваат. Заразено лице инфицира здраво лице со честички кои го содржат вирусот на мали сипаници преку кашлање, кивање и директен контакт. Вирусот на морбили е активен во воздухот или на заразена површина до два часа. Малите сипаници се шират многу брзо и брзо заразуваат повеќе луѓе. ссм/

фото: архива

Остани поврзан