• сабота, 13 декември 2025

Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина

Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина

Атина, 10 август 2025 (МИА) – Во пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина што избувна во петокот, а едно лице го изгуби животот, изгорела површина од 1.580 хектари според податоците од службата Коперникус на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголем дел од изгорената површина е простор со трева и грмушки, околу 1.100 хектари, а 250 хектари е земјоделска површина.

Пожарот беше во непосредна близина на Националниот парк Сунио, меѓутоа пожарникарите успеаја да ги ограничат огнените јазици да не се прошират кон паркот.

Поради силниот ветер што достигна и до 90 километри на час, пожарот што избувна во петокот околу 14 часот, брзо се прошири на голема површина, а беа евакуирани жителите на низа населени места што се во близина, како и еден Дом за стари лица, додека пак вчера, нешто помалку од 24 часа подоцна беше целосно изгасен. ср/рп/

Остани поврзан