• четврток, 21 ноември 2024

Нетанјаху: Палестинската управа не е решението за Газа

Нетанјаху: Палестинската управа не е решението за Газа

Ерусалим, 8 декември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше палестинската управа откако палестинскиот премиер Мухамед Штаје во изјава за Блумберг изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во управувањето со Газа по војната меѓу Израел и организацијата, пренесе Бета.

-Нема да има Хамас, ние ќе го елиминираме. Фактот дека тоа е предлог на палестинската управа само ја зајакнува мојата политика: палестинската управа не е решението, рече Нетанјаху, пренесоа израелските медиуми.

Како што пренесе Агенцијата, Рамала соработува со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за планот за управување со Појасот Газа по завршувањето на војната, иако премиерот Штаје изрази надеж дека Хамас ќе биде партнер во тој процес.

Американски официјални претставници неодамна се сретнале со палестинскиот премиер за да разговараат за планот за повоена Газа.

-Нема да одиме таму според израелскиот воен план. Нашиот народ е таму. Треба да составиме механизам, нешто на што работиме со меѓународната заедница, рече палестинскиот премиер.

Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли идејата палестинската управа да ја води Газа по војната, обвинувајќи ја дека го поддржува тероризмот преку образование, им плаќа на терористите и не ги осудува нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел што ја започна војната. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан