• среда, 29 мај 2024

Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Ерусалим, 21 април 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници.

- Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада.Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху.

Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан