• сабота, 11 мај 2024

Нетанјаху: Напаѓаме со невидена сила, ова е само почеток

Нетанјаху: Напаѓаме со невидена сила, ова е само почеток

Ерусалим, 13 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и дека Израел „никогаш нема да ги заборави овие страшни дејствија на непријателот“.

-Ги напаѓаме нашите непријатели со невидена сила, ова е само почеток, рече Нетанјаху.

Тој додава дека Израел собира „огромна меѓународна поддршка“ за својата земја.

-Ќе го искорениме Хамас и ќе победиме. Нагласувам, ова е само почеток. Нашите непријатели само што почнаа да ја плаќаат цената. Сега нема да зборувам за она што допрва доаѓа, но би сакал да ви кажам дека ова е само почеток , изјави тој на кратка прес-конференција. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан