Нетанјаху им понуди на членовите на опозицијата да му се придружат во вонредната влада
- Според израелските медиуми, Нетанјаху тоа го предложил на средба со лидерите на тие партии - Јаир Лапид, поранешен премиер и Бени Ганц, поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот.

Тел Авив, 7 октомври 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им предложи денеска на опозициските партии Јеш Атид (Има иднина) и Националната унија да влезат во вонредна влада по ненадејниот разорен напад на Хамас врз јужниот и централниот дел на земјата.
Според израелските медиуми, Нетанјаху тоа го предложил на средба со лидерите на тие партии - Јаир Лапид, поранешен премиер и Бени Ганц, поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот.
Нетанјаху нагласил дека таква влада ќе биде во ист формат како владата на премиерот Леви Ешкол, на која и се приклучи лидерот на опозицијата Менахем Бегин пред Шестдневната војна во 1967 година. зш/